Граѓански собир како дел од парламентарната кампања „Нема откажување од иднината“ во Тетово вечерва одржаа СДСМ и Коалицијата за европска иднина. Дел од програмата за Европска Македонија, најави претседателот Димитар Ковачевски се енергетска реформа, борба со корупцијата, реформи во судството, намалување на раководните и функционерските места во институциите и администрацијата.
„Со членството во ЕУ ќе се случи вистинска и суштинска промена на подобро во нашата земја. Јас верувам дека во европска Македонија животниот стандард ќе биде многу подобар и дека ќе успееме да изградиме систем на владеење на правото и ефикасна борба против криминалот и корупција. ЕУ не секогаш беше фер со нас. Но тоа не значи дека треба да се откажеме. Не треба да се откажеме од посветла и подобра иднина за своите деца и своите внуци. Има ли подобар мотив да одиме понатаму од тоа дека Македонија стана рамноправна членка на НАТО кога никој не веруваше и секој не блокираше. Има ли подобар доказ дека Македонија ги започна преговорите со ЕУ кога никој не веруваше во тоа, истакна од Тетово, Димитар Ковачевски.
Од Тетово, носителката на листата со кандидати за пратеници во изборна единица шест, Славјанка Петровска најави системско законско решение за пожарникарите, по примерот на Армијата и одбраната.
„Доста беше негрижа од градоначалниците. Во новиот мандат ќе формираме единствена агенција која ќе има законска обврска да набави опрема за сите противпожарни единици, а основна плата ќе биде законски уредена и ќе биде во висина од две просечни плати за секој пожарникар. Мораме да ги чуваме тие што не чуваат нас. Ќе предложиме и нов модел на цивилна заштита“, рече Петровска.
Ко-носителот на листата Агрон Демири од тетовско Желино во својот говор рече дека СДСМ особено се грижи за младите и затоа најави повеќе клучни поенти за поддршка на младите какo што се субвенции од 200 евра за прво вработување кај млади до 26 години и станови за млади брачни парови, поддршка за млади земјоделци, бизнисмени и ретки професии како и отворање на младински центри во секоја општина.
Андријана Томовска, кандидатка за пратеник од Тетово рече дека СДСМ верува и вложува во вредноста на образованието.
„Сигурни сме дека најдобрата иднина е во квалитетно образование, за нашите млади. Нашите деца, нашите млади заслужуваат, квалитетно образование, според стандардите на ЕУ. Заслужуваат квалитетно образование како нивните врсници од земјите членки на ЕУ. Дел од нашите мерки и политики се стремат кон подобри, и безбедни услови за учениците, во училиштата. Фокусот на образовните политики на СДСМ е насочен, кон младите, нивните таленти и потреби, и затоа мораме да се грижиме за нашите најталентирани ученици, да ги поддржиме, да се погрижиме да донесат успех и напредок на државата со својата работа“, рече Андријана Томовска.
Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија на 20 април одбележува триесет и три години од формирањето, кога беше основан, порача во говорот Димитар Ковачевски.
Граѓански собири како дел од парламентарната кампања „Нема откажување од иднината“ се одржаа и во Брвеница и во Желино.
ас