• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Димитар Ковачевски: Северна Македонија ако досега беше кружен тек, сега со Коридор 8 станува вистинска крстосница на Балканот

Денеска кај наплатната рампа од автопатот Тетово-Гостивар беше означен почетокот на градба на ново автопатско решение за оваа делница.

04/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денеска кај наплатната рампа од автопатот Тетово-Гостивар беше означен почетокот на градба на ново автопатско решение за оваа делница. Претставниците на Владата открија информативна табла со натпис на кој беше наведено дека има поставување камен-темеленик за изградба на автопатот Тетово-Гостивар како дел од Коридорот 8.

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека започнува силна градежна офанзива за изградба на западниот дел на Коридор 8.

-Камен-темелникот на Коридорот 8 не е само почеток на нова патна инфраструктура, тоа е камен-темелник и на нови инвестиции, отворање нови пазари, можност за нови соработки како меѓу домашните, така и со меѓународни компании.  Изградбата на Коридорот 8 значи помалку трошоци за транспорт, побрз транспорт, поврзување и интеграција на Северна Македонија, како и економски и регионален развој на земјава.Изградбата на модерен, современ автопат Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан, денеска покажува дека е конкретна, реална и остварлива цел која е во интерес на граѓаните, за нивен подобар живот и просперитет на бизнис заедницата. Секој автопат носи можност за нови бизниси и економски развој. Нови бензински пумпи, нови хотели, ресторани, деловни објекти, повеќе вработувања, подобро платени работни места, поголема конкуренција и побрз развој, рече Ковачевски.

Коридорот 8 и Коридорот 10д (Битола-Прилеп) се најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор.

-Вредноста на Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д изнесува 1,3 милијарди евра. Ќе се градат четири автопатски делници во вкупна должина од околу 110 километри. Вакво нешто никогаш во историјата на нашата држава не било направено. До денес, овие два коридора биле само план на хартија, кој никогаш не бил реализиран од разни причини. Денес тоа се менува и започнува нивната реализација. За прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не како досега само поврзување север и југ. Со изградбата на автопатите нашата држава ќе биде поврзана со уште две пристаништа. Пристаништето во Драч и пристаништето во Бургас и тоа за нас е одлична можност и перспектива за развој. Северна Македонија ако досега беше кружен тек, сега со овој Коридор 8 станува вистинска крстосница на Балканот, истакна Ковачевски.

На настанот се обратија неколку министри, американската амбасадорка, претседателот на ДУИ, градоначалникот на Гостивар, претставник на компанијата Бехтел изведувач на градежните работи и директорот на јавното претријатие за државни патишта.

ас

 

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 31 мај

30/05/2023
Следна објава

Прекин во напојување со електрична енергија на 5 април

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!