Ноќеска (15 јуни) десетина минути по полноќ, 36-годишен жител на тетовско Долно Палчиште во СВР Тетово пријавил дека на Неготинскиот надвозник бил физички нападнат од две лица со кои претходно телефонски се договорил за продажба на неговото возило „опел астра“. Според пријавеното, едниот од напаѓачите користел и тврд предмет, по што тие му ја одзеле чантата во која имал пари, документи и други предмети и се оддалечиле од местото. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (14 јуни) околу 22 часот и 15 минути на крстосницата на улиците „Иво Лола Рибар“ и „Страшо Пинџур“ во Тетово ги лишиле од слобода С.М.(38) и М.У.(41), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Вчера (14 јуни) околу 8 часот и 10 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле 43-годишната Н.З. и 66-годишниот Н.З. од Република Албанија, а поради сомнение дека непријавено престојувале на подрачјето. Албанските државјани задржани се во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.