• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Допрва ќе се вработуваат ренџери во националниот парк Шар Планина за да почнат активностите за заштита на природната средина

16/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Националниот парк засега само директорот е единствениот вработен, а се најавуваат вработувања со кои ќе има и работа на терен со цел да има заштита на природната средина.

Ова беше најавено на денешната јавна расправа за управување и заштита на животна средина на Национален парк Шар Планина за периодот 2022 – 2031 година на Универзитетот во Тетово од раководството на оваа нова институција и Министерството за животна средина.

-Има многу работа која е изготвена од директорот и тимот на директорот, се доцни за некои работи за жал, како вработување на нови лица, но ова е процедура која трае. Прв пат од 1956 година ние креираме национален парк и сите заедно ја учиме процедурата и што е битно да биде успешна на крај. Иако доцниме малку подобро да доцниме малку и да биде успешно од колку да брзаме и да грешиме негде. Тоа не значи дека немаме активности, директорот е нон стоп на терен и денес дебатираме сите да бидеме задоволни и граѓаните и приватен сектор но и да ја заштитиме Шара, изјави пред новинарите министерот Насер Нуредини.

Директорот на ЈУНП Шар Планина Ибрахим Дехари вели дека работата досега е во корелацијата и соработката со други институции во насока на заштита на Шар планина. Најави дека оваа година ќе има десет редовни вработени и пет со договор на дело.

-Соработуваме со други институции, како што е шумска полиција, редовна полиција и други како општини, така што очекуваме и канцелариите да ги добиеме, ренџерската служба и другите вработени верувам за брзо време ќе бидат и тие во терен така што очекуваме добра соработка. Соработуваме со граѓаните,тие се најдобрите чувари за Шар Планина.  Јас сум на Шара 35 години активен ги знам сите проблеми и предизвици, така што сум секој ден со граѓаните што се таму.  Има потреба за активности како што се за дрва маса и или пак за нелегални активности со кои се справуваме, како што е ловот и другите нелегални активности, изјави директорот Ибрахим Дехари .

Јован Божиновски од планинарскиот клуб Љуботен вели дека паркот ќе има има поддршка од нив како пријатели на Шара, како клуб, но тоа е потребно од сите засегнати страни. Тој предупредува дека на терен работите не се променети и понатаму се случуваат активности кои и штетат на планината.

-Се уште немаат канцеларија, немаат луѓе за работа. Огромен реон имаме на Шара кој за да се покрие треба минимум 80 ренџери, треба 20 возила кои ќе бидат присутни горе кои ќе гледаат како се работи на терен, инфо центри. Јас сум на терен нон стоп јас го гледам тоа дека има многу дивоградни, има многу отворени патишта кои не се потребни тука патишта, малите хидроцентрали се проблем. Сега општините се тие кои треба да застанат, месното население е изгубено, не знае како да се однесува. Сега треба да има сеча, не може да има сеча, шумското не дава сеча. Од друга страна паркот не функционира, они се во ниедно место ставени. А тие што диво сечат тие си сечат тие немаат проблем. Проблем е кај овие луѓе што се локалци кои живеат на планина кои реално им треба планината. Тука се проблемите и затоа сега е потребно сите засегнати страни да помогнат на Националниот парк, посочи Божиновски.

Според Божиновски по прогласувањето треба да поминат од три до пет години националниот парк како установа нормално да почне да функционира и да има резултати.

ас

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Општина Тетово ќе го наплаќа паркингот околу зелениот пазар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.