• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 30 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со изведба на театарска претстава за мали и големи деца „Црвенкапа“ драмското студио „Летечка театарска трупа“ Тетово во текот на април почнува со активностите за 2023, а воедно и за одбележување на јубилејни 15 години постоење. Оваа претстава за деца е првата од неколкуте предвидени премиери.

Премиерата на „Црвенкапа“ е закажана за 11 април во 19 часот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“, а репризата наредниот ден во истиот термин.

Од „Летечка театарска трупа“ велат дека нивната преработка на Црвенкапа вклучува комични и возбудливи елементи без вметнување современ наратив со што се зачувува едноставноста и леснотијата во раскажувањето на приказната што води кон лесна приемчивот кај најмладата публика.

-Режисерскиот концепт ја следи традиционалната нишка на сказната за Црвенкапа, па претставата е наменета за предучилишна и за училишна возраст од прво до трето одделение. Оживувањето на ликовите на сцена е пропратено со живописна и оригинална костимографија и шминка кои се соодветни на архетипните особини што ги носи ликот. Со тоа се обезбедува соодветна визуелизација на самата приказна што е важно за впечатокот што го остава кај публиката на таа возраст. Со ова, ликовите, дијалозите и пораките што се испраќаат остануваат долго врежани во детската меморија, изјави режисерот Зоран Јованоски.

Тој вели дека дијалозите во претставата се едноставни и јасни, пропратени со комични моменти но со јасно нагласени и истакнати пораки, како и разлика меѓу позитивните и негативните постапки, вредности и човекови особини.

-Пробите за подготовката на театарската претстава траат речиси осум месеци. Младите актери се стекнуваат со знаења за сценските движења, сценскиот говор, доловувањето емоции, односот кон партнерот или парнерите во дијалогот, театарските правила и воопшто целокупниот процес на продукција на една тетарска претстава. Ова придонесува не само кон нивно издигнување во зрели актери во иднина, туку и кон нивен личен напредок и развој како индивидуи кои ќе бидат квалитетни граѓани и ќе продонесуваат кон развојот на уметноста и заедницата воопшто, истакна Зоран Јованоски.

Една недела по „Црвенкапа“ ќе следува и следува премиерата на претставата „Пепелашка“, која е во режија на Владимир Јовановски.

ас

Поврзани објави

Вести

Честите врнежи од дожд помогнаа да има чист воздух во Тетово

30/05/2023
Вести

Oткриени и санкционирани 32 прекршоци за неправилно и непрописно престигнување

30/05/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-Пријави за напад врз дете и измама, украден лаптоп од џамија, повреден велосипедист

30/05/2023
Вести

Промоцијата на волонтерството како начин младите да активно да решаваат проблеми во заедницата

30/05/2023
Вести

Во Загреб е поставена изложбата „Убавите жени“ на тетовскиот уметник Славчо Максимовски

30/05/2023
Вести

Универзитетот во Тетово го поништи огласот за избор на ректор и ќе објави нов

29/05/2023
Следна објава

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија - донација од советникот Станислав Бојчески

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!