• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Драмското студио Тетово најавува многу смеа на монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ по текст на Јован Дамјановски

08/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Режисерот Игор Бачовски, актерката Наташа Петровска и писателот Јован Дамјановски преку прес-конференција ја најавија изведбата на монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ планирана изведба во сабота 11 март во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.

 Тие најавија дел од содржината и ветија многу смеа на денот на изведбата.  Оваа монодрама која Дамјановски ја напишал во далечната 1990 година, ќе биде повторна изведба на членови на Драмско студио Тетово со оглед дека прв пат е изведена во 1992 година.

-Се решивме на еден предизвик, тројцата што сме тука, да ја обновиме оваа претставата, но додадовме нови моменти на претставата, а тоа го дозволуваше и текстот на Јован Дамјановски. Намерно велам дека е претстава, не само монодрама бидејќи последната проба ни траеше скоро два часа и се надевам дека тетовската публика ќе ужива. Текстот е исповест на Иконија, поврзано со старо Тетово во 70-80 години но и поврзано со нови моменти од денешниот живот со сите модерни техники и време.  Мислам дека добивме добар спој, порача режисерот Игор Бачоски.

Единствената актерка Наташа Петровска улогата на Иконија ќе ја толкува на тетовски дијалект.

-Ми ја предложи Бачо идејатава после манифестацијата „И тетовските глумци поа“, на кафе муабет. Јас понесена манифестацијата, веднаш прифатив.  Ми рече пази сама си ќе има работа, но како и е, се нафатив, еве два и пол месеци поминаа и ја изработивме Многу смеење има, да се знае дека е за публика над 18 години Сигурна сум дека многу смеење ќе има. Како што се наведува во оригиналниот текст, се збоува за Иконија во старо Тетово, но имаме моменти што ги налага новото време во кое се зборува за пластични операции со клипови и другите новитети вови живеењето, изјави Петровска.

Авторот на текстот, тетовскиот писател и романсиер Јован Дамјановски потсети дека како и во другите негови дела и во оваа монодрама се зборува за животот и сите згоди и незгоди кои ги носи.

-Јас самиот се почестив со една длабока воздишка за радост што соработувам со големите луѓе од Театарот во Тетово, со режисерот Бачо и со Наташа Петровска. Таа е едно големо изненадување за мене. За тоа сум радосен, затоа што соработуваме на оваа монодрама, иначе по втор пат по ред. Претходно тоа беше за монодрамата „Чај со рум“, која ја подготви Игор. Се надевам дека и годинава ќе биде добра. Во основа во моите 18 романи, седум драми и две книги со раскази се обидувам да го користам литературниот феномен за допир со стварноста и животот. Има многу прототипови. Јас сум почестен што можам да го следам животот, порача Дамјановски.

На 11 март премиерата на монодрамата ќе биде изведена во големата сала во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ со почеток во 20 часот.  Во 1992 година кога последен пат била изведена, монодрамата ја одиграла Гордана Георгидијадис, а во режија на Миодраг Николиќ-Панта (1942-2022).

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

„Биди горда што возиш безбедно“ - превентивно-информативна активност по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Март

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.