• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Државјанин на Швајцарија приведен за најдена дрога

СВР Тетово за изминатите 24 часа бележи приведување за најдена дрога,  за пријава на физички напади. Во сообраќајните контроли изречени се 55 казни за возење и зборување на мобилен телефон. Казни се изречени за несоодветен јавен превоз

20/07/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово за изминатите 24 часа бележи приведување за најдена дрога,  за пријава на физички напади. Во сообраќајните контроли изречени се 55 казни за возење и зборување на мобилен телефон. Казни се изречени за несоодветен јавен превоз

-Ноќеска (20 јули), десетина минути по полноќ на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот М.К. од Швајцарија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (19 јули) околу 22 часот ги лишиле од слобода 71-годишниот З.С. и 70-годишниот М.М. од тетовско Раотинце, кои претходно биле пријавени од 60-годишниот Љ.И. дека по меѓусебна расправија околу 15 часот и 30 минути физички го нападнале. Во нападот, според пријавеното тие користеле дрвен предмет и огнено оружје. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

-Шеесет и петгодишниот Ќ.Х. од Тетово вчера (19 јули) во 19 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 16 часот во близина на место викано „Бањиче“ физички бил нападнат од едно лице, кое го познавал, поради нивни нерасчистени односи. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

-Во рамките на акциска контрола спроведена вчера (19 јули) од 13 до 18 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во тетовско Желино, како и на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово откриле и санкционирале три патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки кои вршеле јавен превоз без потребните документи: „мерцедес“ управуван од 36-годишниот С.Е. од тетовско Добарце, „мерцедес“ што го управувал 64-годишниот А.Д. од тетовско Желино и „фолксваген голф“ управуван од 60-годишниот С.А. од тетовска Шипковица. По целосно документирање на настаните против тројцата возачи ќе следуваат соодветни поднесоци согласно Кривичниот законик.

-Вчера (19 јули) од 8 до 12 часот полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола со која биле опфатени возачи кои користеле мобилни телефони. При контролата откриени и санкционирани се 49 (ТЕ) и 6 (ГВ) прекршоци, а на возачите им се изготвени поднесоци и ќе се соочат со парична глоба од 40 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, биле санкционирани и 8 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

 

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Полицијата со локалните совети за превенција бара начини за спречување шумски пожари

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
84%
1.32mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!