Соопштение на СВР Тетово 4 септември 2024
На 03.09.2024 во 15.20 часот во СВР Тетово, 62 – годишник од Република Турција пријавил дека во периодот од јули 2023 година бил измамен од Н.А.М. за сума од околу 2.000 евра. Според пријавеното, тој со неа се запознал преку социјални мрежи, а по одредено време планирале и да се венчаат. Како што е пријавено, таа го довела во заблуда дека била болна и му побарала пари за лекување, кои ѝ ги пратил преку брз трансфер на пари. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 03.09.2024 во 14.20 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.П.(45) од тетовско Долно Палчиште. Тој се сомничи дека претходно влегол во продажен објект на С.П.(58) од Тетово и претставувајќи се лажно како инспектор од УЈП, недолично се однесувал кон неа. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2024 во 19.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека тетовска Шипковица настанал пожар во куќа, сопственост на М.Ќ.(54) од Шипковица, кој се проширил и ја зафатил и плевната. Нема повредени лица, а пожарот бил локализиран од тетовската противпожарна единица. Увид на местото ќе врши екипа од СВР Тетово.
На 03.09.2024 во 18.15 часот во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Тетово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од електричен тротинет на локален пат во тетовско Сараќино. Увид извршила екипа од СВР Тетово.