Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на единицата за локална самоуправа – Општина Тетово за четири сметки за 2021 година.
Заводот за две од сметките изразува неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај, како и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

