• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

ДУИ ја критикува Општина Тетово дека нема нови проекти, Биљал Касами вели намалени се долговите за 4 милиони евра

04/07/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советот на Општина Тетово одржа седница за советничка прашања, на која се разви дебата околу долгот на локалната самоуправа и тетовските јавни претпријатија. Советниците поставија голем број прашања поврзани со инфраструктурни проблеми.

Од советничката група на ДУИ ја критикуваа работата на општината и посочија дека нема развој.

– Сметаме дека речиси две години градоначалникот на општината не само што не ги исполнил дадените ветувања, но полошо од тоа ја претворил општината во штаб на Движењето Беса полнејќи ја со партиски милитанти. Општина Тетово денес е на последната листа во регионот за транспарентност. Капиталните инвестиции се нула, а обидите на градоначалникот на општината да се извлече од ситуацијата со проектите кои ги најде готови од претходното раководство се јасен доказ дека за овие две години нема ниту визија ниту намера да го гради Тетово, туку напротив со своите непотистички и коруптивни постапки да го трансформира Тетово во финансиски извор на различни интереси блиски до Движење Беса, изјави Лиридон Диша од советничката група на ДУИ.

Градоначалникот Биљал Касами изјави дека обвинувања не се издржани бидејќи доаѓаат од политичка партија и луѓе кои ја оставиле општината во оваа неповолна ситуација.

– Управата за јавни приходи најмалку 20 години ги трпи претходните градоначалници директорите на претпријатието да го нагомилат тој долг кон УЈП. Кога дојдовме ние, нас не блокираат за долг кој е создаден претходно. Ниту еден цент не е создаден сега нов долг кон УЈП затоа што се наплаќа од нивна страна. Не сме ние криви, самата Управа е крива што дозволила да се создаде долг во Јавното комунално претпријатие што не може да го плати. Во ситуација кога ни прават пречки, не критикуваат дека не работиме ништо. Но во спротивно, граѓаните се свесни дека Тетово стана градилиште, се градат булевари, патишта, канализациони мрежи, студија за водоводната мрежа, изјави Биљал Касами.

Според него сега долгот на Општина Тетово од 24 милиони евра е намален на 20 иако се со блокирана сметка.

ас

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Со колективна изложба на учесниците заврши „Меѓународна уметничка колонија 2023“ во организација на Уметничката галерија Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!