• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Два пати неделава пријавил напад од бездомно куче, општината бара трпение од граѓаните

01/07/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Триесет и едно годишниот Сашко Дамевски изминатава недела два пати се соочил со напад од бездомни кучиња врз неговиот миленик. Вели дека неуспешни биле обидите за поплака во општина Тетово па затоа се одлучил преку медиумите да апелира и да ја сензибилизира локалната власт дека крајно време е да се преземат посеопфатни активности за намалување на нападите од бездомните кучиња.

Тој живее спроти Зелен пазар, па вели иако е маалото им е во поширокото централно подрачје чести се нападите на бездомните кучиња врз луѓето и на граѓани кои шетаат со своите кучиња-миленици. И децата во овој дел од градот не се чувствуваат безбедно.

– Имаме проблем во оваа маало кај што живееме на улица „Маршал Тито“, спроти пазар, со кучињата бездомници. Јас имам куче, мое лично вдомено. Малечко е тоа и исто кога секој ден излегувам нападнат сум, во моментов не сум повреден. Два пати во рок од една недела сум нападнат и сум под стрес. Два пати одам во општина никој не реагира ништо. Нека дојде градоначалникот ќе му го дадам моето куче, нека се прошета самиот и да видиме дали ќе биде нападнат. Не сум дрзок со ова барање, само да дојде да види. Ќе му го дадам моето или ако има негово нека дојде да прошета и нека види ќе биде нападнат, вели Сашко Дамевски.

Веќе подолго време во Тетово нема кој да се справува со бездомните кучиња. На почетокот на мај Тетово инфо информираше дека договорената соработка меѓу Општина Тетово и невладина организација веќе е завршена. Тогаш информираа дека завршиле ограничените средства со што се заловиле и третирале 82 кучиња. Од Општина Тетово најавија дека за понатамошните акции и соработки дополнително ќе се разговара.

Неделава само го повторија ставот и побараа трпение од граѓаните. Решение на проблемот не најавија.

– Договорот со здружението Амос Шелтер е успешно завршен. Со него требаше да се заловат 82 бездомни кучиња. Тоа е направено во две одделени акции. Во првата беа заловени 41 бездомно куче, во втората исто толку. Сите знаеме дека се работи за еден проблем којшто не бил сериозно третиран со години и со кој се соочува не само Тетово, туку и целата држава. Ние како Општина Тетово работиме на изнаоѓање на некое долгорочно решение за овој проблем затоа што знаеме дека се потребни и време и финансиски средства. Во меѓувреме бараме трпение од граѓаните но и помош да пријавуваат случаи на истовар на бездомни кучиња од други населени места во нашиот град што знаеме дека во последно време се случува многу често, изјави Милен Вучевска, портпарол.

Во 2022 година во СВР Тетово граѓани пријавиле 59 каснувања и повреди од бездомни кучиња. Во 2023 година до јуни само од триесетина жители на градот Тетово има исти такви пријави.

ас

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Во Тетово ќе се прикажат 45 филмови во рамки на Тетовскиот Интернационален филмски фестивал ТИФФ ОДА

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!