Министерството за внатрешни работи објави десетина дневни настани евидентирани во СВР Тетово.
На 08.07.2023 околу 01.15 часот во Тетово од полициски службеници се лишени од слобода Д.Б.(39) и С.С.(27), двајцата од Данска, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 07.07.2023 во 20.45 часот во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода У.И.(43) од Тетово, затоа што кај него биле пронајдени кокаин и кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 07.07.2023 во 19.30 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода С.А.(45) од с.Шипковица, тетовско, затоа што при извршен претрес во рамки на акциска контрола во неговата фирма во Тетово, биле пронајдени 40 лаптоп компјутери, на кои била инсталирана нелиценцирана софтверска програма. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.07.2023 околу 00.30 часот од полициски службеници од СВР Тетово, при акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Тетово, по извршено мерење со уред „фонометар“ во два угостителски објекти е констатирано нарушување на јавниот ред и мир со пуштање на гласна музика, повеќе од законски дозволените граници. Против лицата кои стопанисуваат со угостителските објекти се поднесени соодветни поднесоци.
На 08.07.2023 во 00.30 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е приведен С.Т.(18) од Тетово, затоа што кај него била пронајден пиштол „екол“, шаржер и еден куршум. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 07.07.2023 во 22.40 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Р.(25) од с.Добарце, тетовско, постапувајќи по пријава од женско лице од тетовско, со кое порано бил во љубовна врска, според која ја вознемирувал и ѝ се заканувал. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 07.07.2023 во Полициска станица Тетово, А.С.(36) од Р.Албанија пријавил дека околу 13.30 часот во Тетово бил физички нападнат од М.А.(50) од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.07.2023 во 18.10 часот во Полициско одделение Жеровјане, Ф.С.(24) од с.Челопек пријавил дека на 06.07.2023 околу 19.30 часот, на регионалниот пат с.Брвеница – с.Челопек, бил физички нападнат од Б.А.(30) од с.Челопек. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.