Ноќеска (21 јуни) четириесетина минути по полноќ на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 29-годишниот Ш.А. од тетовско Шемшово. При негов и преглед на патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.
Вчеравечер (20 јуни) околу 19 часот и 35 минути на улица „107“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот тетовец В.Л. затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По документирање на случајот на В.Л. ќе му бидат изготвени адекватни поднесоци.