Соопштение на СВР Тетово за настани евидентирани на 29 октомври 2023
Вчера (29 октомври) во 19 часот и 50 минути во СВР Тетово е пријавено дека на крстосницата на улиците „Благоја Тоска“ и „ЈНА“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот М.М. од тетовска Шипковица и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван 22-годишниот Н.И. од истото село. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клинички болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера (29 октомври) околу 13 часот и 40 минути во училишен двор на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово ги лишиле од слобода Ф.Р.(21), Х.З.(24) од Тетово и тројца малолетници од Тетово и Голема Речица затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.