Соопштение на СВР Тетово 1 август 2024
На 31.07.2024 во 22:45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово-с.Јажинце во тетовско Слатино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Б.Х.(23) од Тетово, и патничко возило „голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од А.А.(18) од тетовско Слатино. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.З., сопатничка во едно од возилата, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
На 31.07.2024 во 22:00 часот на локален пат за тетовско Седларево од коловозот излетал четрицикл со тетовски регистерски таблици, управуван од А.С.(26) од тетовски Групчин. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница во Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
77 санкции за брзо возење на подрачје на СВР Тетово
Вчера (31-Јули) од 18.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 77 возачи (ТЕ-59 и ГВ-18).
Од нив 49 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-34 и ГВ-15), од кои 7 возачи (ТЕ) пречекориле за над 70 километри на час, 26 возачи (ТЕ-22 и ГВ-4) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
При контролата, исто така, санкционирани се и 28 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-25 и ГВ-30), а санкционирани се и 7 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-4). На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.