• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Движењето Антикоцкање од Тетово смета дека предлогот на Владата за оддалечување на објектите за игри на среќа 500 метри од училишта не е сјајно решение, но се надеваат дека тоа ќе придонесе, како што велат, спортските обложувалници и казина да не бидат во градовите. Тие досега бараа со километри да бидат оддалечени објектите за игри на среќа од населените места.

-Не е сјаен законот како што ние баравме. Ние сме барале три километри да бидат оддалелечни, како Движење Антикоцкање. Ние мислиме дека од овој закон ќе ги расчисти сите овие спортски обложувалници и казина од нашите градови. За Тетово и за некои градови е голем успех, ќе се расчиститат сите овие валкани игри. Тие не се игри на среќа, тие се игри на несреќа, но државата и цел свет ги вика игри на среќа и мислам дека овие помали градови што се пренатрупани со игри на среќа ќе се расчистат. Сите овие пратеници што го гласаат овој закон, крајно време беше да размислат за овој народ и оваа наша држава, изјави Јуши Емурлаи од Движењето Антикоцкање.

Претставникот на ова здружение, смета дека оддалечувањето на објектите за игри на среќа од училишта е според европските стандарди.

-Почнато од некаде,ние ќе го тераме до крај. Седма година се бавиме со оваа проблематика. Немаше помрднато ниту еден камен. Крајно време беше дека, ако мислиме дека ќе одиме за Европа со овие спортските обложувалници и казина, немаше да има место за нас во Европа. Крајно време беше да размислат да ни отвори патот за Европа со затворање на овие игри на среќа. Сакаме овој закон да се реализира, да не остане законот само на хартија, затоа што во Македонија претежно сите закони се добри ама остануваат во канцеларии. Ќе тераме до крај да се спроведе до крај овој закон и оваа младина да се спаси од овие игри на среќа, изјави Јуши Емурлаи.

Владата на вчерашната седница утврди Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Министерството за финансии со што се предлага деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта. Извршната власт образложи дека со постојниот закон не е утврдена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта, односно не го утврдува ваквиот критериум.

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.