• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Единствениот реставриран објект на тетовското Кале остана без ќерамиди

30/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Оштетен е единствениот објект од Тетовското Кале изграден во Османлискиот откако деновиве откако остана без поголем дел од ќерамидите на покривот.

Засега е непознато кога точно и како се случило оштетувањето, кое беше забележано од луѓе рекреативци кои редовно пешачат до врвот на ридот и тврдината.

-Наликува дека од силен ветер паднале ќерамидите, но може е да направено намерно, има несосвени деца кои прават штети. Најверојатно се случило вчера, бидејќи редовно доаѓам, а вчерашниот ден не пешачев, вели жител на Тетово кој за случајот ја информираше нашата редакција.

Тетовското Кале – тврдина изградена во Османлискиот период на ридот Балтепе е под државна заштита како значен споменик на историското наследство на Управа за заштита на културното наследство. Токму оштетениот објект тогашна трпезарија за војска е единствената зграда која беше реставрирана и конзервирана од 2008 до 2012 и на тој начин зачуван е автентичниот надворешен изглед на објектот. Во тој период од проектот за заштита на објектот имаше и археолошки истражувања.

Историските податоците на институциите се дека на крајот од 18 век Тетовското кале како тврдина на врвот од ридот Балтепе почнал да го гради Реџеп-паша. Се смета дека имало 108 илјади квадратни метри и богата внатрешност. Во калето имало две монументални порти, две помали порти, девет кули, објекти и кујна за војската, набљудувачници, како и два сараи, каде престојувал пашата.

До врвот на ридот и Калето постои асфалтиран пат, а местото се посетува само од тетовци кои ја користат сообраќајната делница за пешачење до врвот на Балтепе.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Прекин во напојување со електрична енергија на 31 март

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!