• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 5 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Екипата ОЗОЛО победник на првиот меморијален турнир „Жарко Кузмановски“ во тетовска Брвеница

30/10/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тетовска Брвеница вчера заврши првиот меморијален турнир во мал фудбал посветен на полицискиот специјалец Жарко Кузмановски.

Во финалето победи екипата ОЗОЛО (Оддел за заштита на определени личности и објекти) совладувајќи го тимот Невидено со 4:3. Во дуелот за трето место Колонијал Лука Сиричино ја совладаа екипата Роло Мики со 2:1.

Најдобар стрелец со шест постигнати голови беше Славчо Антоски од екипата Колонијал Лука Сиричино.

– Целиот турнир помина во најдобар ред. Доказ за успешноста и големиот интерес беше публиката и полната сала вчера за време на натпреварите за трето место и финалето. На доделувањето на наградите беше присутен и градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, информираа од организацискиот одбор на првиот Меморијален турнир посветен на Жарко Кузмановски.

Турнирот почна на 10 октомври со 24 екипи. Жарко Кузмановски беше припадник на специјалната единица „Тигар“ кој загина во антитерористичка акција во Куманово на 9 мај 2015 година. Загина на 34 години, а остави зад себе двајца малолетни синови, сопруга и родители. Од 2022 година во дворот на црквата во Брвеница е поставено спомен облежје за Жарко Кузмановски.

ас

Поврзани објави

Вести

Размена на уметнички слики и изложба помеѓу јапонски училишта и врсниците од тетовска Брвеница

04/12/2023
Вести

Акциска контрола за брзо возење – 106 казнети возачи

04/12/2023
Вести

Приведен тетовчанец за агресија кон полицајци, СВР Тетово бележи и две пријави за физички напади

04/12/2023
Вести

Се сече борова шума, долж автопатот кон Скопје – Општина Желино ја обвини централната власт за уништување на природата

04/12/2023
Вести

Во ноќешната акциска контрола изречени 110 казни за сообраќајни прекршоци

03/12/2023
Вести

Приведен 49 годишник баран за издржување притвор

03/12/2023
Следна објава

Двајца возачи од Шипковица се судриле во Тетово, повреден 22 годишник на мотоцикл

Tetovo, MK
вторник, декември 5, 2023
overcast clouds
6 ° c
82%
1.59mh
100%
7 c 6 c
сре
7 c 1 c
чет
3 c -3 c
пет
4 c -2 c
саб

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!