Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Дејвид Гир, кој денес одржи предавање на Универзитетот во Тетово оцени дека изборите биле демократски и ќе резултираат со формирање на нова Влада. Тој не ги коментираше актуелните преговорите што се одвиваат за составување на извршната власт, но порача дека ќе соработуваат со сите кои се насочени кон евроинтегративните процеси на Македонија.
„Очигледно имаше демократски и мирни избори кои ќе резултираат со формирање на нова Влада. Ние во Европската Унија, се разбира, ќе сакаме да работиме со сите оние кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ и интеграцијата во ЕУ, спроведувањето на реформите и сите неопходни чекори кои би ја довеле земјата што е можно поскоро во ЕУ. Сега практично сите политички партии за време на изборната кампања поставија јасна агенда, про-ЕУ агенда и нивното верување дека ќе ја придвижат земјата напред кон Европската унија, истакна Дејвид Гир.
Амбасадорот одржа предавање на тема „Пpоширување на ЕУ“.
фото : Универзитет во Тетово