• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 7 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

„Европски сон“ премиера на Тетовски Театар

22/06/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовски Театар вечерва од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Европски сон“ по текст на Јетон Незирај, а во режија на Блерта Незирај. Главните улоги ги толкуваат Арлинд Селими, Бурхан Амити, Јетмир Арифи, Линда Шабани, Мерита Лимани Мустафа и Шкумбин Зеќири.

– „Европскиот сон“ е трагично-комична приказна за пропаднат сон. Пери, ликот на оваа драма, предводен од надежта за подобар и посреќен живот, тргнува да ја бара иднината во „рајот“ наречен Европа. Она што му се случува на овој млад човек за време на емигрантското патување ги открива искуствата на многу очајни млади луѓе, кои секоја година, исполнети со надеж за поинаков живот надвор од границите, ја напуштаат својата татковина. Во нивната нова татковина, тие често се чувствуваат малтретирани од властите, изолирани и исклучени од општеството и носталгични за нивниот дом на предците. Така, неретко сонот за подобар живот станува вистински кошмар, изјави режисерката Блерта Незирај.

Претставата ќе се игра на големата сцена во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“, а утре петок 23 јуни исто така од 20 часот е репризата.

Режисерката Незирај студирала театарска режија на Универзитетот во Приштина, а магистрирала на Универзитетот во „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

ас

Поврзани објави

Вести

Црвен картон за насилниците-трибина и проекција на филм по повод кампањата за борба против насилство врз жените и девојчињата

06/12/2023
Вести

Казни за 13 возила при контрола на техничка исправност – глоби од 50 до 400 евра

06/12/2023
Вести

Приведени двајца мажи за физички напади врз жени – во полициска станица завршиле и двајца кај кои е најдена дрога

06/12/2023
Вести

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар

06/12/2023
Вести

Велјановски: Македонија го допре дното со оваа власт, граѓаните се фокусирани оваа коалиција на криминалот да не биде повеќе на власт

05/12/2023
Вести

Дијана Димчевска Наумоска денес ја прима новата терапија во Истанбул, и понатаму и се потребни донации за лекување

05/12/2023
Следна објава

Меѓународен шаховски турнир во забрзан шах в недела на Попова Шапка

Tetovo, MK
четврток, декември 7, 2023
overcast clouds
7 ° c
87%
0.43mh
100%
4 c -3 c
пет
5 c -1 c
саб
7 c 1 c
нед
8 c 2 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!