• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Фалише и Сараќино три недели без вода за пиење, од ЈКП Тетово велат се работи на долготрајно решение

20/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Жители на Фалише воедно и родители на деца апелираат што поскоро локалните власти да најдат решение со прекинот на вода за пиење што трае веќе три недели односно од 1 февруари. Како родители на деца, ученици стравуваат за опасноста од заразни болести во училиштето каде исто така, според нив, нема вода.

-Во период на висок технолошки развој, демократија и урбан начин на живот, тетовските села Сараќино и Фалише, кои се близу до град Тетово се без капка вода, жедни и оставени на самите себеси. Водата е основен елемент за преживување, а жителите на Фалише и Сараќино тоа го немаат во 21 век. Се работи за населени, развиени и живи места. Кој ќе им ги приушти расипаните апарати во домаќинствата, кои веќе цел месец не функционираат? Градоначалниците и локалната самоуправа да се преиспитаат и да помогнат, а не само пред избори да се сликаат! Не треба гласачко тело само, потребно е човек да си. Да се огласат и директорите на училиштата и да обелоденат дека во мизерни услови учат учениците, без вода, се вели во дописот на жителите до нашата редакција.

Тие велат дека биле информирани за правањето на бушотина во Фалише но не добиле одговор кога конечно ќе се добие вода за пиење.

-Повеќе пари даваме за вода за пиење отколку за храна. Во оваа криза недозволиво е да се прави ова. Кога ќе добиеме вода за пиење од новата бушотина никој не ни кажува, кога ќе биде ископаната дупката, кога ќе се испита, кога ќе се изгради соодветна заштита за бунарот. Никој не не информира, велат жителите.

Од работната единица „Водовод“ при ЈКП Тетово досега информираа дека за постапките околу новиот начин на водоснабдување но нема одговор кога конечно ќе се реши прекинот.

-Почна да се копа бунар на 50 метри длабочина во земјата да се најде извор со вода како решение за Фалише и Сараќино има прекин во водоснабдувањето. Граѓаните да имаат трпение затоа што ова ќе биде долготрајно решение и нема повеќе да има проблеми со водоснабдувањето како досега, информираше Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод“ при ЈКП Тетово.

Кога ќе се заврши бушењето, потребно е да се стават пумпи, фреквентен регулатор за одржување и регулирање притисок на вода како и нивелирање на водени удари, за да се опслужуваат двете села.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

Приведен 39 годишник поради закани кон сопругата со која е во бракоразводна постапка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.