Во обраќање до гласачите носителот на листата на СДСМ и коалицијата Глигорије Стојановски порача:
-Ние советниците од СДСМ и коалицијата сме подготвени и мотивирани да работиме на реализација на нашите ветувања дадени пред граѓаните. Затоа што СДСМ покажала и покажува дека е тука за граѓаните. И кога заедно славиме успеси, но и кога се носат тешки но важни одлуки за нашата иднина. За нас, зборот даден пред нашите сограѓани е светост која не ја погазуваме, истакна Глигорије Стојановски