• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово беше извршена промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ и коалицијата ,,Најдоброто за Тетово“. Покрај носителот Глигорије Стојановски, кандидатите за советници Стојанчо Трипуновски и Наташа Петровска, пред присутните се обрати и заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

Глигорије Стојановски рече дека во изминатиот период, по нивно барање како граѓани, се реализираа значајни проекти, кои се од голема важност за жителите на Општина Тетово.

-Нашата заложба за модерно, европско Тетово, нема да престане. Со проектите кои се предвидени во нашата изборна програма на СДСМ и коалицијата ,,Најдоброто за Тетово” ќе покажеме како треба да се работи во интерес на сите граѓани. Ви гарантирам, Ве уверувам дека ќе вложуваме во урбанизмот и руралниот развој, со решавање на градската и приградската мрежа; во комуналната област, преку реконструкција на уличната водоводна мрежа; во заштитата на животната средина преку мониторинг и евидентирање на локалитетите, кои го загадуваат воздухот и се опасност по здравјето на луѓето;, преку локалниот развој на малите и средни претпријатија, додека пак во образованието, ќе ги подобриме севкупните услови во училиштата, посочи Стојановски.

Тој порача и дека ќе ја дадат нивната поддршка на иницијативата ,,Тетово сака парк”, а позади Спортскиот центар, ќе се изгради нов Спортски комплекс, кој ќе биде со мини терен за мал фудбал, кошарка и терен за тенис, урбана опрема за забава на најмладите и детска патека за ролери и велосипеди, бесплатно достапен за сите.

-Во с. Сараќино и с. Фалише ќе бидат ставени во функција спортските игралишта. Што се однесува до културните настани, како личност која доаѓа од културната сфера, ветувам дека ќе се заложиме за континуирано финансирање на културните настани и манифестации, кои се неопходен дел од културниот живот во Тетово, порача Стојановски, носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата.

Сања Лукаревска им порача на тетовчани да ги употребат својот глас за луѓе кои размислувата поинаку и кои имаат свои идеи и енергија кои ќе работат во интерес на граѓаните и нема да молчат ако не работи добро градоначалникот.

-По промената на локалната власт, граѓаните очекуваа модерни општини меѓутоа од тоа само една голема нула.  Ова не се избори за градоначалник, ова се избори за Совет. Тоа се луѓето пред кои градоначалникот мора да биде отчетен и транспарентен. Да не дозволима на 20 август да се изберат луѓе кои ќе бидат покритие уште неколку години на празни ветувања, истакна Лукаревска.

На вечерашната промоција на кандидатите на советничката листа на СДСМ за Тетово, свои обраќања имаа кандидатите за советници Наташа Петровска и Стојанчо Трипуновски.

Петровска и Трипуновски истакнаа дека како советници во идниот состав на Советот на општина Тетово ќе се залагаат нивните сограѓани да добијат подобри услови за живот.

Тие посочија дека се подготвени заедно со советниците од коалициските партнери да се посветат на реализација на мерки и проекти кои обезбедуваат напредок на општината во секое поле, во делот на инфраструктурата, образованието, културата, спортот.

-Знаеме дека сите ние му мислиме добро на наше Тетово, затоа на 20 август да гласаме за европско Тетово, да гласаме за број 1, за советничката листа на СДСМ и коалицијата!“ порачаа Петровска и Трипуновски.

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.