Успешна хуманитарна акција и голема посетеност на двата концерти на Ламбе Алабаковски и Некст тајм во организација на иницијативата „Го сакам Тетово“ .
-Покажавте како се сака татковината,како се пее македонска песна и како се негува македонската музика. Ви благодарам од срце за изминативе два дена.Ви благодарам на вашата хуманост,на вашата поддршка за иницијативата Го сакам Тетово. Да сте живи и здрави се и гледаме наредна година, порача Станислав Бојчески, дел од иницијативата „Го сакам Тетово“.
Концертите беа на отворено во Жена парк, а присутните имаа можност да донираат средства за помош на социјално загрозено семејство. Иницијативата „Го сакам Тетово“ за утре во Музејот на тетовски крај (Куќа на Јовановци) на Два бреста организирана проекција на филмот „Златна петорка“