• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Годинава 41 лице било лекувано поради повреди по напад од бездомно куче, во полиција уште повеќе пријави

22/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во текот на 2022 година епидемиолошката служба при Центарот за јавно здравје во Тетово бележи 41 лице кои било евидентирано дека има потреба за антирабична терапија откако било нападнато и каснато од бездомно куче, додека во полицијата бележат 54 пријави односно напади од кучиња скитници.

Овие бројки отприлика ја отсликуваат драстичната состојба со напади од бездомни кучиња со кои се соочуваат тетовци. По вчерашната вест дека 40 годишна жена која иако успеала да им избегне на кучиња скитници, при трчањето се сопнала и ја скршила ногата, а ја повредила и раката, многу бројни се дописите до редакцијата и алармирањето дека улиците се небезбедни за движење поради оваа состојба.

Ветеринарите сметаат дека со интензивирање на зимскиот период како и ниските температури бездомните кучиња ќе бидат поагресивни. Тоа го образложуваат со оглед дека кучињата ќе бидат повеќе гладни, па можни се уште повеќе напади и повредени луѓе.

-Оваа ситуација и во цела држава е иста, но во Тетово гледам поголем проблем затоа што немаат ушни маркици, што значи дека не се стерилизирани и се агресивни. Луѓето ги молам да внимаваат од тие кучиња без ушни маркици бидејќи знаат да бидат многу агресивни. Овој момент сега на зима, немаат јадење и ќе бидат уште поагресивни.  Општината да најде начин да ги среди овие работи, ние како што ги гледаме има многу кучиња,изјави Рами Селмани, ветеринар.

На последната прес-конференција градоначалникот Биљал Касами информираше дека од август до почетокот на ноември, ново ангажираната служба има заловено и третирано 83 бездомни кучиња.

Луѓето кои се повредни односно каснати и ранети од кучиња скитници, морале да примат вакцина против беснило, серум и вакцина против тетанус.  Во текот на 2021 година имало вкупно 65 луѓе кои биле повредени на ваков начин и морале да примаат иста таква терапија.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Прекин во напојување со електрична енергија во среда 23 ноември

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.