На 07.10. во 20ч во Центарот за култура – Тетово започнува големата стенд ап турнеја на Марјан Георгиевски. Еден од првите стенд ап комичари во Македонија, конечно после цели петнаесет години прави ваков исчекор на задоволство на публиката.
Насловот на турнејата е „За македонските работи”
„Ова е текст кој се бави со еден народ, со една земја, со еден менталитет, навики и обичаи. За Македонците во минатотот, сегашноста и иднината. Оваа турнеја е за сите нас кои што останавме овде, но и за оние кои заминаа. Ветувам едно поинакво сценско доживување со новитети кои не се користат во стенд ап настапите кај нас.” – вели Марјан.
Друштво на оваа турнеја ќе му прави неговата колешка Надица Петрова која ќе биде задолжена за отварањето на сите настани низ турнејата.
Картите (300ден) се веќе во продажба во Гранд Тобако (кај Славе) и Двор 21.