Соопштение на СВР Тетово 1 септември 2024 година
На 30.08.2024 во 16.20 часот во СВР Тетово, Ј.А.(38) од тетовско Непроштено пријавил дека од местото каде што престојувале во тетовско се оддалечиле 5 лица од Бангладеш, а кои биле ангажирани за извршување градежни работи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 31.08.2024 во 20.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека пред угостителски објект во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Ј.(42) врз В.Ц. (40), двајцата од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.