• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Градоначалникот Касами без конкретен одговор какви проблеми има новиот новиот водоснабдителен систем

11/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами вели дека е направена анализа за проблемите со новиот водоснабдителен систем од Лешница, иако тоа не беше споменато во отчетот по повод една година владеење. Тој во декември 2021 најави дека во 2022 ќе има студија и санација на новиот водовод како долготрајно решение. Овој систем повеќе пати на разни начини создавање проблеми во водоснабдуавњето.

На новинарско прашање зошто немало анализа, рече дека не може да се каже дека немало. Не кажа колку и какви проблеми покажала таа анализа туку кои се можностите од тој систем во иднина.

-Имаше увиден еден проблем кој во рекордно беше саниран и сега ние сме уверени од луѓето од ЈКП дека оваа зима водоводниот систем од Лешница нема да се отвори. Исто така при таа анализа е утврдено дека има можност во средина на тој водовод, кој е долг 20 километри, да се добијат нови количини на вода да се стават во системот, за кој веќе е дадено налог да се подготви проект да се види да се зголеми приливот на вода од Лешница, со што ние оценивме дека ќе се подобри снабдувањето со вода, одговори Биљал Касами на новинарско прашање.

Според него за подобрување на состојбите со водоснабдувањето значајно ќе биде да се спречат загубите на водата за пиење.

-Не е само доводот на водата, работиме на проект за физибилити студија за загубите на вода низ градската мрежа која се надеваме дека во текот на следната година ќе ја имаме како таква. Работиме исто така на инсталирање на водомери на целиот град. За кои исто така имаме ветување од градоначалникот на Општина Коња дека ќе ни доделат 200 илјади евра донација за овој проект, рече Касами.

Воедно Касами рече дека се работи на преструктуирање на ЈКП кое ќе биде поделено за менаџирање на отпад и посебно за Водовод и канализација со цел подобрување на состојбите.

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Биљал Касами смета дека касарната треба да биде парк, побара иницијативата „Тетово сака парк“ да му помогне во намерата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.