• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Граѓаните околу касарната бараат трајно решение за поплавите- градоначалникот Касами бара помош од Владата

23/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово и неколки околни села по ноќешните обилни врнежи од дожд голем број куќни дворови и подруми беа поплавени, а настрадаа и возила.  Во текот на денот граѓаните продолжија со отстранување на водата и наносите кои ноќеска не успеле да ги извадат.

Најпогодени според Општина Тетово се жителите на село Ѓермо, како и во населбата Горна чаршија каде десетина граѓани мораа ноќта да ја поминат во зградата на пожарната по што се вратија дома претпладнево.

Улиците околу касараната во Тетово најчесто се поплавуваат а така беше и ноќеска.

 

 

-Секој пат кога има дожд страдаме со комшиите, еднаш за секогаш треба да се реши. Имам работилница за автоелектрика и каналот и дуќанот стално ми се полни со вода. Морам постојано да фрлам работи, вели Душко Илиевски

-Поплава на сите куќи околу касарна. Се поплавија машини во подрум од кои преживува семејството. Неколку машини од 500-600 евра се расипрани. Ова по трет пат се поплавуваме. Нема обештетување од општина, изјавија од семејството Абдула.

-Поплави големи.  Одвај се браневме, од 1975 сме овдека и секоја година се поплавуваме, изјави Муарем Мурати.

Градоначалникот Биљал Касами изјави дека повеќе критички точки како кај касарна повторно се поплавени.  Така беше и со подвозниците на излез кон Скопје и кон Фалише.

-Нема соодветна канализацијам тоа е причината.Ние денеска на состанок на Кризен штаб одлучивме да се следат ситуациите и превентивно на критични точки да се интервенира, попладне ако има пак дожд, да не се повторат поплавите. Бараме од Владата да помогне во санирање на штети. Претходно не ни излезе во пресрет Владата  и се надеваме дека сега ќе помогнат на граѓаните кои имаа штети поради поплавите. Сите општински ресурси се потрошено, за сериозно ни треба помош и на нас од Владата, се пожали Касами.

За долгорочно решение Касами рече дека некаде се прават веќе активности, а за некои им е потребна помош.

-Подготвуваме атмосферска канализација кај касарна, и кај подвозниците планираме сериозни зафати за да нема поплави. Во Шипковица со проект на УНДП сакаме да се среди речното корито. Со години не е инвестирано ништо и затоа е потребно сега повеќе да се инвестира и интервенира, рече Касами.

За тоа што граѓаните не добиле помош при поплавите во мај, Касами најави дека ќе има на првата седница на новиот совет.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава
МВР

МВР: За автобус од Тетово санкции за вршење меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.