• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Групата Василичари во Волковија ги донираа собраните средства за реконструкција на црквата Свети Мина

16/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Црквата Свети Мина во тетовска Волковија доби донација од над 20 илјади денари, кои ги даруваа младите од ова место кои парите ги собрааа при традиционалното народно одбележување на Василица-Православна нова Година на 14 јануари кога биле дарувани при посета на куќите низ селото.

Согласно традицијата, од раните утрински часови група на млади маскирани учесници од ги посетуваат домаќинствата, со исполнување на празнични песни и ора посветени на домовите на семејствата. Од домаќините добиваа дарови како пари, месо, ракија, грав, овошје, зеленчук и друго.

-Собраните пари и дарови порано се делеле меѓу учесниците, но овој пат младите решиле да постапат поинаку. Се одлучиле сите собрани пари од над 20 илјади денари да ги донираат за цркваат Свети Мина со цел да продолжи реконструкцијата на православниот храм и дворот. Младите сами дошле на идеја за оваа донација, додека се договарале за маскирањето и учеството на Василица, информираше Сашо Илијевски од црковниот одбор.

Бранко Стефановски, еден од повозрасните луѓе во Волковија информираше дека традицијата за донирање и дарување за црквите е од дамнина, а се негува и сега.

-Традицијата на празнување со маскирање и пеење на песни и посета на куќите ја почнал некој Лазар, пред многу години. Не паметам ни јас. Тогаш се облекувале младите лица како баби и дедовци и така оделе по домаќинствата за да соберат дарови. Сето собрано било дарувано на луѓето од селото кои се соочувале со сиромаштија. Порано имало и палење на оган но тој дел од традиција со години потоа е изоставен. Убаво е што младите ги донираат средствата за продолжување на реконструкцијата на црквата, изјави Бранко Стефановски.

Во 2021 година Љупче и Томче Михајлоски, татко и син кои живеат во Гостивар со сопствени средства и труд ја изградија новата влезна порта со крст за црквата Свети Мина. Членовите на црковниот одбор при храмот Свети Мина одлучиле да се најдат мајстори кои би ја изработиле портата со крст, а двајцата гостиварчани кои потекнуваат од Волковија се понудиле  самите да ги изработат како донација за црквата.

ас

 

 

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

Свети Атанасиј во Брвеница – на Водици во 10 часот водосвет и спуштање на светиот крст во црковниот базен

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.