• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Хоризонтала и вертикала“ – самостојна изложба на Билјана Билбилоска во Сплит

31/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Уметницата Билјана Билбилоска преку самостојна изложба за прв пат ќе претстави дел од своите уметнички дела пред хрватската публика. Од 24 август од 12 септември ќе биде изложени 20 дигитални графики во галеријата „Студио 21“ во Сплит, Хрватска.  Самостојната изложба е насловена „Хоризонтала и вертикала“,  а графиките се инспирирани од византиската уметност.

-Овие дела комуницираат со минатите времиња и со техниките на старите мајстори живописци. Затоа се толку длабоки, но во исто време и толку едноставни, како прочистени од талогот на историјата. Стилизацијата на византиската естетика е доведена до совршенство на минималистичкиот уметнички потег. Цртежот е остар и прецизен како напукнат кристал. Но графиките се само навидум црно-бели, колоритот е придушен и раскошен, суптилно скриен во енергијата на формата. Тие функциониираат како современи икони“, вели за изложбата академскиот сликар Никола Пијанманов.

Изложбата ја отвори Даниела Павлиновиќ, а куратор е Наталија Челан. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Билјана Билбилоска, која потекнува од Тетово,  дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, на отсекот за графика со графички дизајн. Досега имала шест самостојни изложби во Македонија, во Србија, како и многубројни групни изложби во земјава и надвор.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Во тек се уписите по англиски и германски јазик за возрасни и деца во Отворен граѓански универзитет за доживотно учење

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.