• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 7 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Храмот Свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка ја празнуваше манастиската слава

03/07/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На манастирската слава во чест на празникот посветен на светиот Наум Охридски Чудотворец, во манастирот посветен на овој македонски и сесловенски просветител на Попова Шапка, беше отслужена света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство  митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на митрополитот Европски г. Пимен и повеќе свештенослужители.

По Литургијата беа прекршени и благословени славските лебови.

Во својата беседа митрополитот г. Јосиф нагласи:

-Денес, наоѓајќи се во дните на Петровиот пост, на овој наш голем празник ќе ја искористам приликата од овој манастир да упатам порака за сите заедно сплотени во христијанска љубов да се држиме до Евангелието и до верата наша православна, која од памтивек ја облагородува душата на нашиот македонски народ. И ние, како и светиот Наум насекаде да ги шириме евангелските морални принципи кои го осветлуваат духовниот мрак, бидејќи само на тој начин можеме да се соочиме со моралниот пад и со хипокризијата на нашето општество. Само на тој начин можеме да ја сочуваме нашата култура, нашата богата традиција и пред сѐ нашето битисување како еден Божји народ. Македонскиот народ е најсилен кога си ги вреднува и негува своите корени и исконски вредности, порача владиката.

Потоа митрополитот посочи дека Македонската Православна Црква-Охридска Архепископија е душата, копнежот и совеста на народот свој.

-Знам дека не е ни најмалку лесно во овој „лукав и прељубодеен“ свет да се живее и да се шири Христовото евангелие, да се гледа долгорочно, да се има трпение и смирение, но ако повеќе се потрудиме тоа е возможно. Во сите тешки моменти и искушенија кои се појавуваат во нашиот духовен раст и подвиг, пред нас да го имаме животот на светиот Наум и да се запрашаме зарем на него му беше лесно да пропатува илјадници километри, да претрпи страданија и мачења од германските свештеници и да доживее гонење заради Христа? Одговорот е дека не му беше ни најмалку лесно. За колку ли негови страдања не знаеме, колку ли денес страда со нас и се моли за нас свесни ли сме? Но за сè мора да се даде жртва. И за таа негова жртва Бог го овенча со светителски венец, наградувајќи го неговиот труд овде на земјата. Затоа драги браќа и сестри, никогаш да не забораваме на светиот Наум, на неговиот труд и дело, на неговите подвизи и совети. На едно место, деновиве прочитав еден текст за четирите завети на денешниот светител. Тој пред да се упокои на своите ученици им ги пренел следните четири совети и зборови: разбудување, покајание, очистување и причестување. Всушност тој им ги пренел четирите скалила на патот кон спасението. И  јас ништо друго повеќе не ви би пренел освен тие четири завети, кои треба секој ден да ги поминуваме. Затоа почесто да се сеќаваме на светиот Наум и да се молиме да Го моли за нас Христа нашиот Спасител, сега и секогаш и во сите векови. Амин, истакна митрополитот.

Поврзани објави

Вести

Црвен картон за насилниците-трибина и проекција на филм по повод кампањата за борба против насилство врз жените и девојчињата

06/12/2023
Вести

Казни за 13 возила при контрола на техничка исправност – глоби од 50 до 400 евра

06/12/2023
Вести

Приведени двајца мажи за физички напади врз жени – во полициска станица завршиле и двајца кај кои е најдена дрога

06/12/2023
Вести

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар

06/12/2023
Вести

Велјановски: Македонија го допре дното со оваа власт, граѓаните се фокусирани оваа коалиција на криминалот да не биде повеќе на власт

05/12/2023
Вести

Дијана Димчевска Наумоска денес ја прима новата терапија во Истанбул, и понатаму и се потребни донации за лекување

05/12/2023
Следна објава

Жител на Бродец повреден поради напад од бездомно куче

Tetovo, MK
четврток, декември 7, 2023
overcast clouds
7 ° c
87%
0.43mh
100%
4 c -3 c
пет
5 c -1 c
саб
7 c 1 c
нед
8 c 2 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!