• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Хрватски форум организираше академија со теми околу поврзаноста на двете држави

29/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 Организацијата Хрватски Форум информира дека за прв пат беше организирана КРО (CRO) Академијата со околу 30 учесници од четири градови од Македонија, како и гости од гимназијата „Фран Галовиќ“ од Копривница. Преку различни активности, предавања и квизови учесниците имаа можност да се запознаат со нови теми, настани и личности поврзани со Хрватска, историјата, правото и културата и нивната поврзаност со Македонија и македонскиот народ.

-На академијата беа одржани вкупно седум предавања и презентации на различни теми: копривничка гимназија (Вјекослав Роботиќ), доаѓањето на папата во Македонија (Даријан Сотировски), славонски властелинства во 18 и 19 век (Марко Павелиќ), Хрвати – основачи на Медицинскиот факултет во Скопје (Симона Копривњак), локална, регионална самоуправа и жупании (Марко Видачек), Дубровничка република (Љубиша Марковиќ) и брендирање на МХД во Македонија и Шарам (Александра Новеска), информираа од Хрватски форум.

Воведното предавање како домаќин, го одржа дизајнерката од брендот „Шарам“, Александра Новеска, која веќе подолг период работи на активна промоција на Шар Планина.На академијата учесниците се запознаа повеќе и со ликот и делото на ликовниот уметник Томислав Кризман кој на почетокот на минатиот век има направено две слики и од Тетово, од кој на едната се некогашните два бреста, како и од другите македонски градови.

Како визуелен мотив на Академијата послужи една разгледница со Попова Шапка испратена во 1965 година која патувала на релацијата Тетово – Осиек, објавена во книгата „Македонија така далечка а така блиска“ на авторот Драгољуб Силјановски кој живее во Хрватска. На академијата беше потсетено и за првата тетовска вајарка Борка Аврамова, авторка на Жената борец во Тетово, која завршува академија во Загреб а потоа и останува да живее и твори во Хрватска.  Учесниците се потсетија на издавањето на Зборникот на Миладиновци во Загреб и на делото „Бели мугри“ во Самобор.

На академијата учесниците подетално се запознаа и со двете дигитални платформи кои беа објавени оваа година, Архивот на Хрвати во Македонија (www.arhivhr.mk) и информативната платформа www.croatica.mk.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Потпишан договор на Општина Тетово и Министерство за локална самоуправа за реконструкција на улица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.