• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

И по состанокот со општинарите прволигашкиот ЖФК Љуботен не доби согланост за играње на градскиот стадион

14/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По вчерашното писмено барање како и денешниот состанок со одговорните лица во општината прволигашката женска екипа Љуботен не доби согласност да игра на градскиот стадион во Тетово. Според информациите кои ги соопшти клубот од општината добиле само ветување дека тоа ќе биде возможно по 24 септември.

-Во врска со барањето на ЖФК Љуботен за одигрување на натпреварот од 4-тото коло на градскиот стадион во Тетово по состанокот со одговорните лица одговорот е времено НЕ! Како главна причина за одбивањето е фактот што теренот се наоѓа во фаза не репарација и истиот според изведувачот на работи не смее да се користи до 24.09.2023 година. Во разговорот добивме ветување дека идните дерби натпревари ќе ги играме на градскиот стадион. Се надеваме на успешна заедничка комуникација во корист на спортот, соопшти ЖФК Љуботен.

Во текот на денот клубот информираше дека 24 часа не добиле никаков одговор од општината, каде вчера, среда 13 септември 9 часот доставиле писмено барање дуелот во недела со ЖФК Скопје да се игра на Градскиот стадион.

-Сите предуслови кои ги бараше претходно општина Тетово се исполнети. ЖФК Љуботен е прволигаш и двократен шампион а ФК Шкендија овој викенд игра на гости и стадионот е слободен. По 24часа уште молк од општината, напишаа од ЖФК Љуботен на социјалните мрежи.

Во текот на август и ФК Тетекс реагираше дека Општината не дозволува да се користи стадионот. Иако Општината и тогаш информираше дека ќе биде само за прволигашките фудбалски екипи, ЖФК Љуботен не одигра ниту еден првенствен меч.

ас

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Изучување на курсеви по англиски и германски јазик во Отворен граѓански универзитет за доживотно учење Тетово  

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!