• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

И понатаму во Тетово нема засолниште за жртви од семејно насилство

17/09/2022
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Се додека институциите на системот служат како евиденција на случаите со семејно насилство, нема да има вистинско справување со оваа проблематика, сметаат и алармираат социјалните работници во оваа област. Главна потреба за промена е неказнивоста, но целокупната општествена поддршка кон жртвите поради нивна недоверба во системот.

Пријавувањето односно евиденцијата на ваквите случаи е речиси секојдневно.

-Во изминатите осум месеци во СВР Тетово вкупно регистрирани, целосно расчистени и со соодветни поднесоци финално се заокружени 75 кривични дела поврзани со семејно насилство во кои вкупно биле инволвирани 80 сторители. Најголемиот број на кривични дела поточно 55, биле со нанесување телесни повреди на жртвите. Едно со убиство на родител, а преостанатите со загрозување на сигурноста на жртвите, изјави Марјан Јосифоски – портпарол на СВР Тетово.

 

Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

Голем дел кривичните пријави на суд поминуваат со условни казни па нема суштинско казнување на сторителите. Социјалните работници поради ова мака мачат како да ги охрабрат жртвите, пред се жените, да ја истераат целата постапка.

-Заради целосната стигма од општеството, заради несигурноста на самите жртви во семејно и родово насилство често пати самите жртви се откажуваат текот на процесот и се враќаат повторно кај насилникот, изјави Моника Чекаловиќ – социјален работник.

 

Моника Чекаловиќ – социјален работник

Токму во Тетово нема место каде би се засолниле жртвите на семејно насилство, што според социјалните работници треба да биде работа на институциите и општината.

-Ова се претежно финансирани советувалишта од надворешни фондации, а тоа не е трајно решение. Шелтер центарот е навистина потреба затоа што на ниво на Полошки регион нема шелтер центар, сето тоа ја отежнува самата постапка да жртвата која пријавила насилство а постои интервентна потреба да се смести во определен шелтер центар мора да се носи надвор во други градови, изјави Моника Чекаловиќ – социјален работник.

Во изминатите осум месеци полицијата евидентирала и над 206 случаи на поплаки поврзани со семејно насилство, кои содржеле психичко, физичко или економско малтретирање.

Александар Самарџиев за ТВ Алфа 

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Следна објава

Откриени 15 возачи под дејство на алкохол во Тетовско

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.