• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

И со одгледување пчели може да се обезбедува егзистенција за семејството

02/10/2022
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Владимир Антовски од тетовско Жилче кој е еден од учесниците на дводневниот Саем на мед и пчеларска опрема „Слатки денови во Тетово“  раскажа како е можно со одгледување пчели и правање мед и медни продукти да се обезбеди егзистенција за едно четиричлено семејство. Тој професионално се занимава со пчеларство, односно со одгледување на пчели и производство на мед и пчелни продукти.  Вели дека секако има исплатливост, доколку се користат сите можности кои постојат околу одгледувањето на пчели.

-Мојата работа е пчеларство, живеам само од тоа, не работам друго. Имам 500 пчелни семејства, а дека се исплаќа можам одговорно да тврдам со оглед дека така функционира нашето четворочлено семејство, со пчеларство и подготовка на пчелни производи. На секоја работа треба да се гледа исплатливо, рентабилно и да се гледа максимално да се искористи, не само да се оди на еден производ. Многу пчелари кај нас мислат дека пчелар е само производител на мед. Но медот е еден од продуктите кои ги дава пчелата, дава и еден куп други продукти, од кои после може да се прават различни производи како прополис, роеви, матици, полен, матичен млеч и слично. Пчеларот може да прави и комбинации, како можности кои може да ги пласира за да го зголеми бенефитот и да биде рентабилен, вели Антовски.

Главната насока на одржливо и исплатливо занимање со пчели е да кошниците со пчели да бидат поставени на повеќе локации.Тоа е потребно бидејќи приносите од мед се зависни од климатските услови па затоа е важно е да се има пчелни семејства на повеќе различни географски подрачја. Така ќе се избегне ситуацијата да има мали количини. Владимир ги чува пчелните семејства на шест локации.

-Во моето населено место Жилче на три места чувам пчелни семејства, што значи во низина и таму. Потоа на две места во Непроштено или на Шар Планина и една локација на планината Жеден. Разликата е во тоа што на различните локации има различна паша за пчелите па така се разликува од кое место колку количини мед ќе излезат. Во Жилче одгледуваме багремов мед,а во Непроштено костенов мед. Со поголема бројка на пчели не може да бидете на една паша затоа што може да се промаши, да се киксне приносот на таа паша и да не може да се покриете за таа година. Мора да се следат повеќе паши и тоа е рентабилноста на пчеларството. Тоа е таканаречено селидбено пчеларење мора нешто да успее таа година. Ако не дава багремот, ќе даде ливадата, ако не даде ливадата ќе даде костенот, да не останеш со празни раце или празни тегли, вели Владимир.

Во тетовскиот регион една тегла мед годинава е со најниска цена од 800 денари, што претставува за 200 денари повеќе од минатата година. Повисоката цена се должи на спиралата на поскапувања пред се кај репроматеријалите и опремата потребна во пчеларството.

-Сметам дека медот не е нешто скапо да се купи, една тегла мед моментално изнесува околу 800 до 900 денари. Цена која е солидна за овие поскапувања кои се моментално. Една тегла мед месечно може да ги задоволи потребите на едно четиричлено семејство. Ако правиме споредба  споредба со другите продукти кои што како млечни продукти, каде еден килограм кашкавал може да се изеде за 3-4 дена а ова е нешто што се конзумира во помали количини и трае цел месец, вели тетовскиот производител на мед.

Саемите и натпреварите за квалитет на мед како што периодов имаше во Тетово се добра прилика за промоција на пчелните производи но и за споделување на искуствата во справување со проблемите со кои се соочуваат пчеларите.

ас

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Единствено во Волковија во тетовскиот регион можност за алтернативниот медицински третман апи-терапија

28/05/2023
Теми и интервјуа

И со факултетска диплома не може да се вработи лице со попреченост

06/05/2023
Теми и интервјуа

Голем број надградби и доградби во Тетово, неизвесно дали би издржале посилен земјотрес

08/04/2023
Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Следна објава

Најдено безживотното тело во реката Вардар, се идентификува дали е кумановецот кој излета со автомобил во вторникот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!