• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

„И тетовските глумци поа“-по осми пат тетовските актери пееја и ја смееја публиката во Тетово

17/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовските актери од драмското студио покажаа дека знаат дека „поа“  исполнувајќи десетина нумери познати како филмска музика, а ги насмеаа сите во полната сала во Центарот за култура додека траеше двочасовниот спектал музичко сценската манифестација „И тетовските глумци поа“ која по осми пат се ја наполни салата во Центарот за култура.

Со поддршка на музичката група Дрим Тим тетовските актери ги испееа песните „Што те нема“ од Тома Здравковиќ, „Нек нас сете“, „Џипси сонг“ од филм Џипси Меџик, „Делфина“ од филм Исправи се Делфина и  „Танго до балчак“ од филм „До балчак.

Санаториум Fuga cuculi nidum или во превод Санаториум-Лет на кукавичко гнездо беше насловен драмската пиеса од спектаклот преку кој актерите порачаа дека секој овде живее во свој филм.


-Од сцена кога се гледа кон публика сликата беше прекрасна. Полна сала како и секогаш. „И тетовските глумци поа 8“-мислам дека направивме добро шоу. Лично како режсер и организатор сум задоволен сметам дека сите беа на нивото на кое се секогаш. Имавме врвни професионалаци од Дрим Тим за музиката. Сето тоа е прекрасен склоп, брилијанта фузија на театарска игра со музика. Ако се мериме по нивоата, сметам дека се подобро и подобро е секоја година. Уште на самиот старт ни беше замислата со филмски теми, затоа што секој е во свој филм во оваа држава. Секој си доживува ситуации и ги презентира истите според неговото видување што покажува дека секој е во свој филм, нема објективност. Прашајте кого сакате, секој си дава свое видување од политичари па до најнискиот социјален ранг. Имавме над 80 композиции во предвид за пеење, како дојде до овој избор не знам ни самиот, изјави Саше Серафимовски, режисер.

„Живот во филм и филм во живот“ беше насловена оваа осма традиционална манифестација која се одржува пред новогодишните празници.

-Како и секој пат, како прв па да е. Ова е осмо издание, но секогаш како прв пат да се случува, секогаш сме со блага возбуда и задоволство што на сите тетовчани да им овозможимо тоа што ние го чувсствуваме, да бидат исполнети со нас, да уживаат во театарот и во песните. Кога ќе се чуе аплаузот знаеш дека си направил добра работа, изјави Драгана Радованов, актерка.

– Со огромно задволство сме дел од оваа манифестација. Може да се прави и почесто, луѓето се забавуваат, изјави Ангел Ќосев од музичката група Дрим Тим.

Драмското студио додели благодарница до НУ Музеј на тетовски крај и на директорот Миќо Стојчески за соработката и продукција на филмот Талија посветен на драмската уметност во градот. Пригодна резба беше оддадена за семејството на Ацо Костоски, основачот на легендарното Драмско студио оформено 1969 година.

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!