Игор Димески: Денес ОИК Гостивар не работи, ако не ни се овозможи да имаме набљудувачи тоа ќе значи вовед во изборна кражба и изборен фалсификат
Носителот на списокот со кандидати за пратеници на Левица за ИЕ6, Игор Димески информира дека не биле во можност да достават документи за набљудувачи до Општинска изборна комисија во Гостивар.
„Ја информирам јавноста дека, иако им е законска обврска, канцеларијата на Државна изборна комисија во Гостивар не работи. Потребните документи за набљудувачи ни се спремни, но немаме на кого да ги предадеме. Ако не ни се овозможи да имаме набљудувачи тоа ќе значи вовед во изборна кражба и изборен фалсификат, информира Игор Димески.