• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Иницијативата за спомен обележје во Вејце не беше ставена на дневен ред во Советот на Општина Тетово

28/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На денешната 14-та седница на Советот на Општина Тетово советниците од СДСМ побараа на дневен ред да биде и иницијативата за поставување на спомен обележје за припадниците на безбедносните сили кои ги изгубија животите на денешен ден 28 април 2001 во Вејце. Оваа иницијатива беше поддржана само од шест советници, двајцата на СДСМ и четири на ВМРО ДПМНЕ додека 25 советници од Движење Беса, ДУИ, ДПА и Алтернатива гласаа воздржано па предлогот не се стави на дневен ред.

-Заради оддавање на почит кон загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија, кои своите животи ги загубија во масакрот во Вејце поднесуваме иницијатива согласно член 18 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја Советот на Општина Тетово да донесе одлука за подигање на спомен обележје. Овие настани од не треба и не смее да не разделуваат, напротив тие треба да бидат паметник од минатото, грешките да не се повторат и страдањата да не оживеат, изјави Глигорије Стојановски, советник на СДСМ предлагајќи ја иницијативата.

Тој рече дека иницијативата ја поднесуваат како советничка група на СДСМ а е по предлог на минситерката за одбрана Славјанка Петровска, која вчера за тоа објави на социјалната мрежа Фејсбук.

На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци од посебните полициски единици од Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

ас

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Ангел Карапетров: Вчера во Општина Тетово имавме скандалозен начин за пречек на претседателката на Косово и истото најостро го осудуваме

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!