• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 2 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Интимниот живот на Ика, најмногу ги смееше тетовчани на изведбата на монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ 

12/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ ја смееше тетовската публика речиси два часа, а монологот на актерката Наташа Петровска често пати беше проследен со аплауз. Публиката најмногу се смееше кога Иконија раскажуваше за нејзиниот интимен живот како во Тетово така и во Брисел. Актерката Наташа Петровска 13 години е дел од Драмското студио и за прв пат изведува монодрама.

-Среќна сум затоа што кога ја видов публикава колку се смее, толку уште поголема желба ми се створи брилијантно да ја изглумим. Не е едноставна работа, месеци поминати во читање и сценски настапи. Многу е убав аплаузот кога ќе го добиеш од пубиката на крај, знаеш дека навистина е завршена една убава работа.  Многу им треба на тетовци барем некој да ги насмее да им даде волја да можат да продолжат понатаму и покрај сите проблеми. Публиката најмногу реагираше кога Иконија, Ика раскажуваше за нејзиниот интимен живот во гдините поминати во јавната куќа, изјави Наташа Петровска.

Режисерот Игор Бачоски истакна дека долгиот аплауз на крајот од претставата кажува дека екипата направила одлична работа.

-Ова е прв да ми се случува да имам трема, а да не сум на сцена. Камен ми падна од мене. Пресреќен сум за прекрасната тетовска публика која десет минути аплаудираше на крајот на претставата. Тоа се кажува за тие два и пол месеци што ја работевме претставата дека вроди со плод. Нате беше брилијантна. Текстот е доста изменет од 1992 година, многу нови и модерни приказни. Многу подолго траеше, скоро два часа претства, додека 45 минути траеше монодрамата во 1992 година. Јас сум пресреќен што повотнро го оживеавме овој текст и повторно на сцената во Тетово, истакна Бачоски.

Монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ е напишана од тетовскиот писател Јован Дамјановски во 1990 година.  Прв била изведена во 1992 година од Гордана Георгидијадис, а во режија на Миодраг Николиќ-Панта (1942-2022).

ас

 

Поврзани објави

Вести

СВР Тетово: Приведени крадци во тетовско, фатени на дело

02/12/2023
Вести

Возило удрило во мече, кое било повредено но продолжило да се движи

01/12/2023
Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Следна објава

Приведени шест лица поради најдена дрога кај нив

Tetovo, MK
сабота, декември 2, 2023
scattered clouds
13 ° c
52%
9.53mh
44%
14 c 2 c
нед
6 c 1 c
пон
7 c 3 c
вто
7 c 6 c
сре

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!