• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 1 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Исправна и безбедна за пиење е водата од стариот извор во тетовско Фалише

24/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Водата од старата бушотина/стар извор во тетовско Фалише е исправна за пиење покажаа испитувањата на Центарот за јавно здравје во Тетово. Граѓаните до денеска имаа препорака да ја користат како техничка вода, но од сега може да ја користат и за пиење.

Цел февруари, Фалише и Сараќино немаа вода за пиење поради дефект на системот кој носи вода од реонот на Палчиште/Калник, па комуналното претријатие го активираше овој подземен извор со вода, а почна да се копа и нова подлабока бушотина како трајно решение за водоснабдувањето.

-Резултатите од анализата на водата за пиење од стариот бунар, односно бушотина во село Фалише која беше вклучена во водоводната мрежа и за која имаше препорака да се користи како техничка вода, се исправни, и по квалитет и по микробиолошки критериуми како вода за пиење. Така да може да се користи како вода за пиење, додека не се извршат овие финалните работи хлоринатор, оградување и анализи на новата бушотина. До тогаш може да се користи како вода за пиење, информира д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје.

Старата бушотина има пет литри вода во секунда издашност и не ги задоволува потребите за двете села. Новата ќе има изданошност од 15 литри во секунда.

-Наша препорака е да се користат количините вода и од старата и од новата бушотина. Но тоа треба да види ЈКП Тетово поради електрична енергија и другите технички параметри кои се од нивен домен. Сега вршиме испитувања за квалитетот на водата од новата бушотина. До крај на идната недела очекувам да имаме конечни резултати. Уште е рано да имаме добри резултати затоа што сè уште градежни работи се прават таму, информираше Давидовски.

За новата бушотина се гради станица за хлорирање, со што ќе има постојани дезинфекција на водата за пиење. Овој извор на вода се бараше на 50-тина метри подземја и се смета како долгорочно решение за водоснабдувањето за Фалише и Сараќино.

Поврзани објави

Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Вести

Во контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници – казни за 11 технички неисправни возила

30/11/2023
Вести

Полицијата расчистува случај – во детска игра со остар предмет повреден малолетник

30/11/2023
Следна објава

Студенти од трите години по архитектура и дизајн се претставија со нивни модели и проекти

Tetovo, MK
петок, декември 1, 2023
overcast clouds
12 ° c
74%
8.21mh
100%
19 c 9 c
саб
14 c 4 c
нед
7 c 2 c
пон
8 c 3 c
вто

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!