Во четврток 15 јуни, изложба на своите дела ќе имаат учениците од ООУ „Андреја Савески Ќиќиш” . Делата се изработени на часовите од проекти по ликовна уметност, под менторство на наставникот по ликовно образование м-р Зоран Бошкоски.
Изложбата ќе се отвори во четврток 15 јуни во Музеј на тетовски крај (поранешен Дом на АРМ) во 19часот.