• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 ноември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Изведена претставата „Сè за љубов“-современа комедија за искуствата од бракот и без него

05/11/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Зелински аматерски театар (ЗАмКа) од хрватскиот град Свети Иван Зелински, вчера во Тетово гостуваше со театарска претстава, комедијата „Сè за љубов.

Доаѓањето на хрватските актери беше можност повторно да се наполни салата во Домот на АРМ (НУ „Музеј на тетовски крај“), откако и лани исто така во ноември по поканата на Македонско-хрватско друштво (МХД) гостуваа во Тетово со комедијата „Повеќе среќа друг пат“.

Комедијата „Сè за љубов“ посведочи за современите проблеми кои како универзални и заеднички ги забележуваме секојдневно, без разлика од која држава ни доаѓаат личностите од театарските дела. Театарската претстава „Сè за љубов“ преку актерската игра на 7-те актери долови моменти својствени за речиси секое општество: невработеност, брачна заедница, како и потрага по идеален брачен партнер – но во подоцнежните години од животот, кога и не секогаш е лесно.

Во 60-те минутната изведба гледачите имаат прилика да ги видат улогите на мајката Влатка која, специфично за мајките, е загрижена за иднината на своите двајца синови – Иван и Зоран.

Тие немаат постојана работа, а што е полошо, Иван нема ниту жена ниту деца, па за него се грижи неговата мајка. Гледајќи дека „ѓаволот ја има однесено шегата“, Влатка се одлучува да ја земе судбината на синовите во свои раце, па ја повикува Марица која се занимава со спојување на парови, за да изберат девојка за Иван. Оваа претставата на комичен начин ја обработи појавата на стројништво, претставувајќи ги и згодите и незгодите со кои се соочуваат стројниците.

Режијата на комедијата е на Штефица Фањек, која е авторка на повеќе театарски комедии. Зелинскиот аматерски театар (Zelinsko amatersko kazalište – ZAmKa) ЗАмКа постои од 1993 година, а има успешни остварувања во Хрватска и надвор.

ас

Поврзани објави

Вести

Во пожар животот го загуби 78 годишник од Рогле, Општина Желино

29/11/2023
Вести

Полицајци ги едуцираат средношколците за меѓуетничка толеранција

29/11/2023
Вести

Приведен малолетник поради најдена дрога

29/11/2023
Вести

Полицајци фатиле 29 годишник при кражба во подрум во зграда

29/11/2023
Вести

За сквернавењето на црковното знаме на Попова Шапка лишен од слобода 33 годишник од Мала Речица

29/11/2023
Вести

Поставено ново знаме со грбот на МПЦ на јарболот пред црквата на Попова Шапка

29/11/2023
Следна објава

Двајца приведени за нелегално обложување на интернет

Tetovo, MK
среда, ноември 29, 2023
few clouds
4 ° c
83%
3.22mh
23%
11 c 3 c
чет
16 c 10 c
пет
17 c 9 c
саб
12 c 7 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!