Соопштение на СВР Тетово 2 август 2024
На 01.08.2024 во 16.10 часот во СВР Тетово, 19- годишна девојка од Тетово пријавила дека околу 14.00 часот во нивната семејна куќа дошол нејзиниот вереник А.А. од Тетово заедно со неговата мајка, и по вербална расправија околу раскинување на веридбата, А.А. агресивно се однесувал и физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и ќе следува соодветен поднесок.
…….
На 01.08.2024 во 13.55 часот во СВР Тетово Б.Д.(42) од тетовско Селце пријавил дека неговиот малолетен син во дворот на нивната семејна куќа бил каснат од куче скитник.
……