Внукот на Методија Андонов-Ченто, Јане Ченто со поддршка за кандидатите за советници од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Преку социјалните мрежи упати поддршка за кандидатите предводени од Ангел Карапетров.
-Почитувани пријатели од Тетово во сабота се изборите во вашата општина. Пред вас имате избор, дали сакате општината да тоне во долгови и да биде несредена или ќе одберете обнова за Тетово.
Секогаш сум ги почитувал пред се човечките потенцијали отколку партиските па така и овој пат мојата безрезервна поддршка сакам да ја дадам за мојот пријател Ангел Карапетров кој е носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Ангел е голем патриот и Македонец, лојален на каузата за Македонија и човек кој ќе направи многу за Тетово. Јас се надевам дека со новата општинска власт Ангел може да биде и претседател на советот на Тетово. Се надевам дека Тетово ќе почне со обновата.
Време е тетовчани конечно да добијат проекти и промени какви што заслужуваат! Во сабота Тетово гласа за број 2! Ангел брату со среќа, порача Јане Ченто.