• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ЈКП Тетово назначи раководител за капелата, две фирми се лиценцирани за пренесување на починатите луѓе

07/04/2023
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Капелата за православните гробишта во Тетово која треба да почне да функционира од понеделник, има раководител поставен од комуналното претријатие, а две фирми како лиценцирани оператори ќе го вршат пренесувањето на починатите луѓе.

Раководителот Мирослав Симоски објаснува дека за ова новина во Тетово, пренесување на починат човек од дома во мртовечница или капела, се прави според Закон за гробишта и погребални услуги. Воедно информираше со каков вид на простории располага капелата и каква функција имаат.

-По пријавувањето и констатирањето на смртта кај починат човек од страна на Итна медицинска помош, семејството или блиските роднини можат да се јават кај двете фирми кои се овластени оператори за оваа намена. Согласно член 22 од Законот тие се овластени за преземање и превоз на посмртните останки на умреното лице од местото каде што починало до местото каде треба да се чува во мртовечница или до место на погребување, а тоа се прави со посебно возило наменето за превоз на умрени лица, информираше Симоски, кој воедно е раководител на Одделението за православни гробишта при ЈКП Тетово.

Во капелата починатиот човек се положува во разладна комора. Во тетовска капела има пет места во разладната комора. Член 26 од законот предвидува верските заедници, по исклучок својот верски великодостојник да можат да го изложат и чуваат на место или објект кој е наменет за извршување на верски обреди.

-Опремувањето односно облекување според член 28 од законот зависи од најблиските, брачен другар, семејство и роднини, може да се врши и дома и во капелата. Тука во капелата има посебна просторија за облекување и опремување на починатиот. При пренесувањето на починатиот во капелата се  поставува во разладна комора. Може да се чува во разладната комора и повеќе од 24 часа. Потоа, покојниот се изложува во капелата еден час пред погребот. Во тој период ќе можат најблиските да примат сочувство од луѓето кои дошле во капелата за погребот. Потоа, согласно верските убедувања, може опело да се прави во црквата Свети Димитрија што е во склоп на православните тетовски гробишта и погребување во гробно место тука во Тетово или на гробиштата кај Фалише, информираше Симоски.

Во капелата покрај разладна комора, место за облекување (спремање) и изложување на покојно лице  (капела 1 и капела 2) има и две чекални за ожалостените семејства како и тоалети. За вработените има две канцеларии, посебни тоалети и гаража.  Паркирањето е слободно пред капелата и околу православните гробишта.

За пренесување на покојните лица овластени оператори се фирмите „Мирен сон“ и „Ден и ноќ“, двете од Тетово.

Капелата почна да се гради во октомври 2015, а се заврши во текот на 2018 година. Следуваа повеќе години во очекување на надминување на пропусти околу функционалноста како и соодветна документација.

ас

ПРЕТХОДНО ЧИТАВТЕ

Советот на Тетово го усвои ценовникот за користење на капелата, најава дека објектот ќе почне да функционира

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

19 годишниот Флорент Селмани од Тетово освои второ место на Националниот куп натпревар за бодибилдинг на Македонија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!