• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Актуелно

Јована Тренчевска: Со СДСМ до рекордно зголемување на пензиите и поголеми бенефиции на лицата со попреченост

12/08/2022
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СДСМ се грижи за сите ранливи категарии, а особено за пензионерите, кои добиваат рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија, истакна на средба со тетовските пензионери претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска, на која присуствуваше заедно со претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Елена Устамитова.

Тренчевска нагласи дека со новата методологија, пензионерите со просечна пензија која во јуни  месец изнесува  16.348 денари, од септември натаму секој месец ќе имаат дополнително околу 8% до 10% плус на својата сметка.

-Покрај воведувањето на новата методологија за усогласување на пензиите, заради економската криза која е предизвикана од КОВИД- пандемијата, но и од конфликтот меѓу Украина и Русија, Владата на РСМ усвои и пакет интервентна финансиска помош за пензионерите по 1000 денари за три месеци и тоа во месеците април, мај и јуни, а со цел подигнување на стандардот на корисниците на пензија и ублажување на последиците од ценовниот шок, порача Тренчевска.

Таа нагласи дека со усогласувањето на пезниите и директната финансиска помош, во 2022 година, за 12 месеци, во просек пензионерите ќе имаат вкупно годишно околу 12.000 денари повеќе во семејниот буџет во однос на 2021 година.

Претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска во Тетово, оствари средба со претставници на здруженија на лица со попреченост, пред кои ги презентираше новите права и услуги за 2022 година коишто се договорени со другите министерства и фондови и со неколку здруженија на граѓани.

-Новите права предвдуваат ослободувањето од здравствената партиципација за лицата со попреченост над 26 години во вкупна висина од 16.000.000 денари, измена на правилникот за утврдувањето на список на поправки на ортопедските помагала за покривање на трошоците за сервис и поправка на говорниот процесор, намалување на времето за доделување на ортопедски помагала – чевли од 9 на 6 месеци, промена на критериумите за користење на личната асистенција, која со оваа измена ќе може да ја користат и лицата со церебрална парализа, проверка на усогласувањето на  висината на правата со трошоците за живот, наведе Тренчевска.

Таа нагласи дека од големо значење е измената и дополнувањето на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2022 година.

-Преку Центрите за социјална работа се платени цената за час индивидуален и цената за дневен третман за дете/лице со попреченост од стручен работник во лиценцираните Дневни центри за деца со попреченост, односно 858 денари за индивидуален третман и 1.053 денари дневно по корисник.

Тетово заслужува да биде модерен, европски град со еднакви можности за сите и токму за тоа се залагаат кандидатите за советници од СДСМ и коалицијата.

СДСМ како централна власт и до неодамна како дел и од локалната власт реализираше бројни проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот за граѓаните н Тетово.

Тоа ќе продолжиме да го правиме особено во делот на социјалната заштита, во делот на грижата за ранливите категории, пезниониерите, но и за најмладите.

Затоа, ве повикувам на 20 август својот глас да го дадете за бројот 1, за советничката листа на СДСМ и коалицијата, гласајте за европско Тетово, порача  претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска, при посетата на Тетово.

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

„Го сакам Тетово“ : Успешна хуманитарна акција и голема посетеност на двата концерти на Ламбе Алабаковски и Некст тајм

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.