• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ЈП „Градски паркинг“-Тетово воведува два вида нови казни за неправилно паркирање

02/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовското јавно претријатие за паркинзи најави дека во иднина ќе се блокираат возилата кои неправилно се паркирани на јавни површини во надлежност од општината. Оваа можност ја добија откако на седница на Совет беше изгласано дополнувањето на правилникот за поставување на блокатори на возила на места што не се наменети за паркирање како и за паркирање во двоен ред на улиците каде има зонско наплата на паркинг.

-Овој став се однесува за сите јавни површини кои се во надлежност на општина Тетово. Тука спаѓаат: сервисните и станбени улици на територијата на општина Тетово,тротоарите, јавните паркиралишта, пешачките и велосипедските патеки, плоштадите, кејовите, пазарите, улични тревници, подигнато зеленило, паркови, рекреативни и други неуредени површини. ЈП „Градски Паркинг”-  Тетово ќе бара асистенција од сообраќајната полиција за време на поставувањето на блокатори и отстранување на возилата од места што не се наменети за паркирање. Во случај кога ќе недостасува асистенција од сообраќајната полиција, ЈП “Градски Паркинг” – Тетово до крајот на работното време или најдоцна наредниот работен ден, до Сообраќајната полиција ќе доставува список со регистерски таблици на блокирани и отстранети возила, за натамошна постапка која е во надлежност на Сообраќајна полиција Тетово, истакна Игор Додевски, директорот на ЈП „Градски паркинг“.

Во текот на декември ќе се оди со известувања на граѓаните, а понатаму и со казнување. На новинарско прашање каде ќе интервернираат специјалните возила од пајак службата со оглед на нивниот мал број Додевски рече дека за тоа одлучува полицијата.

-Работата на пајак службата ја организира Сообраќајната полиција и каде ќе ги пратат тие таму ќе одат. Ни јас како директор немам не може да кажам да се оди да се подигне одредено возило. Налозите за работата на пајак-возилата ги дава сообраќајната полиција врз основа на нивно убедување, рече Додевски.

Воведувањето на доплатен билет е вториот новитет, кој ќе го добие корисникот на паркинг место доколку го пречекори предвиденото време за паркирање, а не го продолжи користењето на паркинг услугата (доколку таква можност е предвидена со системот за наплата на паркинг услугата).

-Налогот за плаќање на доплатниот билет го издава контролорот. Висината на доплатниот билет се утврдува во Тарифникот на ЈП „Градски Паркинг“ – Тетово и ќе изнесува 1500 ден. Ако истиот се плати во рок од 24 часа од денот на издавање, ќе се плати само половина од вредноста, односно 750 ден. Доколку пак, доплатниот билет не се плати во рок од 8 дена од денот на издавање за корисникот на паркиралиштето, ќе се покрене постапка за наплата на долгот со доплнители трошоци поврзани со присилна наплата и законска затезна камата. Со овој Тарифник се изменува и надоместокот за поставување на блокатор на тркала во сите зони кој од 1000 денари ќе се намали на 750 денари, рече Додевски.

Во периодот април-мај 2023 Додевски најави дека ќе почне изградбата на катна гаража кај зелениот пазар во Тетово.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

ЈП „Градски паркинг“-Тетово побарал инспекторат да провери наплаќање на паркинг од страна на приватници на неколку места низ градот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.