• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами од улицата „Љуботенска“ во градот најави дека ќе се асфалтираат сите оштетени коловозни ленти на сообраќајници во Тетово. Според него освен со асфалтирање, на улиците ќе има поставување на канализациона мрежа, јавно осветлување, пополнување на дупките и нивелирање на шахтите.

-Од денес почнаа пополнување дупки на сите улици. Нема да има започнати и недоворшени работи. Договорената фирма ќе работи и преку ноќ за да не го попречува слободано движење по градот. Освен на улица „Љуботенска“ ќе се работи на и на „Илинденска“, „ул.167“, „ул.163, „ул.109“, „ул.108“, „ул.146“, булевар „Видео Смилевски-Бато“, „Браќа Миладинови“, „Александар Здравкоски“ , „Солунски атентатори“, „Димо Гавровски-Кара„ и „Методија Андонов-Ченто“. Ќе следат и многу други улици како улицата од Пошта до стадион, од Сааат кула до Горна Чаршија, улицата „Никола Тесла“ од Пошта до Тетовчанка, изјави Касами.

Според него овие работи ќе се изведуваат и покрај тешката финансиска состојба што ја затекнале во општината и големите долгови.

-Имаме ограничен буџет со кој функционираме во моментов,успеавме да реализираме низа капитални проекти за само седум месеци. Улица „Сами Фрашери“ е целосна асфалтирана, граѓаните се сведоци, друга улица за асфалтирање е „Јане Сандански„ и „Димо Гавровски-Кара“.  Интензивно се работи на улица „Страшо Пинџур“ каде веќе е поставена канализациона мрежа, ново осветлување и тротоари, рече Касами.

За пробивањето на булевар „Благоја Тоска“, градоначалникот информира дека се соочиле со многу опструкции но не прецизираше за што. Од потешкотии при работа рече дека имало потреба од дислокација на цевка за вода и слични интервенции.

На 21 декември 2021 кога започна пополнување дупки на улицата „Браќа Миладинови“, Касами најави дека согласно годишната програма за 2022 е предвидено целосно санирање на сите такви улици.

Санација на дупки по улиците во Тетово, градоначалникот ги повика граѓаните да пријавуваат такви потреби

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.