Полициски службеници на СВР Тетово вчера (12 октомври) од 9 до 14 часот спроведоа акциска контрола на тетовското подрачје околу тоа-како и колку ги почитуваат возачите нивните обврски кон пешаците. При контролата биле констатирани и законски санкционирани вкупно 25 прекршоци (ТЕ), односно толку возачи не им дале предност-првенство на пешаците.
На сите возачи-прекршители изготвени им се поднесоци и тие ќе се соочат со предвидените парични глоби, кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 45 до 250 евра. За оние, пак, кои непропуштиле пешаци на обележани премини и со тоа непосредно ја довеле во прашање нивната безбедност ќе следува и мерка времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. Во акциската контрола биле санкционирани и 23 други видови прекршоци (ТЕ-15 и ГВ-8), од кои 11 (ТЕ) се однесувале на пречекорување на дозволената брзина.
Вчера, исто така, продолжиле и активностите за поголем ред и безбедност со паркирањето во Тетово. Санкционирани се 29 непрописно, односно погрешно паркирани возила, претежно во централното подрачје. Или од почетокот на овој месец досега вкупно биле санкционирани и од тетовската „пајак-служба“ биле подигнати над 200 возила